Don't Miss
Home / Uncategorized / “Ибица “повторно ќе копа милиони во РЕК “Битола “

“Ибица “повторно ќе копа милиони во РЕК “Битола “

Доколку фирмата „Трансмет“, на обвинетиот бизнисмен Сеад Кочан, ја добие зделката од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина, ќе оствари профит во вредност од околу шест милиони евра. Но ова е најниската цена за овој вид на услуга што до сега била понудена на електронските аукции во ЕЛЕМ. За истата услуга во буџетот на акционерското друштво биле предвидени 13 милиони евра, а изминативе години за гигаџул биле плаќани и по 144 денари, додека „Трансмет“ ја нуди рекордно најниската цена од 44 денари.

Фирмата не може да биде исклучена од тендерската постапка затоа што судскиот процес не е завршен и правното лице се уште нема осуда за корупција или за измама. Сметките на „Трансмет“ беа блокирани во мај годинава, но пред два месеци биле одмрзнати со што фирмата продолжува да биде деловно активна.

Преку предметот „Труст“, Специјалното јавно обвинителство товари три фирми, меѓу кои и „Трансмет“ дека учествувале во формирање на конзорциум кој преку фалсификувана документација за сопственост на механизација го добиле тендерот на ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Од ЕЛЕМ велат дека во тек е проверка на целата постапка за новиот тендер и дека во текот на следната недела ќе ја соопштат конечната одлука за тоа која фирма ќе изврши ископ на јаглен и јаловина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*