Don't Miss
Home / Uncategorized / Илија Димовски:Џафери провоцира инцидент

Илија Димовски:Џафери провоцира инцидент

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски тврди дека има тенденција во Собранието да се направи некој нов инцидент, кој го провоцираат собранискиот спикер Талат Џафери и другите пратеници.

– Талат Џафери да си ја спушти својата нервоза која сè поочигледно е присутна, го разбираме, средина на август е, можеби имал поинакви планови за овој месец, доведен е во ситуација да работи секојдневно, но обврската на сите нас е да бидеме и прибрани, и пристојни, и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на какви било инциденти и провокации во Собранието, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ – истакна Димовски.

Тој апелираше  да се доведе во ред работата на Собранието, во смисла на почитување на Деловник, почитување на Закон и почитување на Устав.

– Не барам ништо повеќе од тоа. Она што е право на пратениците, треба да е право на пратениците, она што е обврска на пратениците, треба да е обврска на пратениците – додаде Димовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*