Home / Градска хроника / Иницијативниот одбор ја претстави платформата на иницијативата за чист воздух во Битола

Иницијативниот одбор ја претстави платформата на иницијативата за чист воздух во Битола

Иницијативниот одбор “Сакаме чист воздух во Битола“ денеска на прес- конференција во просторот на Интимен театар ја претстави својата платформа за реализацијата на иницијативата за чист воздух во Битола.

pres 6
На прес- конференцијата беше речено дека во Иницијативниот одбор членови се обични граѓани, и категорично беше посочено дека тие не се ничиј партиски привезок.

pres 2

Во наредните денови, Иницијативниот одбор ќе побара средба со градоначалникот на Битола, Владимир Талески и оттука смета дека ќе му се приклучат сите битолчани кои се залагаат за чист воздух во Битола. Се надеваат дека не ќе треба да собираат десет илјади потписи за ставање на Дневен ред на иницијативата пред советниците на Советот на Општина Битола.

Б.В.

Фото:  С.Р

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*