Пратеникот на СДСМ од Битола и локален лидер на партијата Васко Ковачевски денеска упати ургентно барање до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, потоа директорот на ЈП за државни патишта Алексанадр Стојанов и директорот на ЈП Македонија пат Гајур Кадриу за итно решавање на проблемот со свлечиштето над патот Битола – Охрид и обиколницата на овој патен правец кој води од Прилеп кон Охрид.
Во барањето на пратеникот Васко Ковачевски меѓу другото стои:
-Во име на граганите на Општина Битола се обракам до вас како надлежни институции за изградба, реконструкција и одржување на јавните патишта, веднаш да превземите мерки и активности во рамките на вашите надлежности за ставање во функција на обиколницата над градот Битола на патниот правец, А З Прилеп – Битола – Ресен.
Имено, оваа патна делница не е во функција повеке месеци со разни образложенија (појавени свлечишта, градежен шут и отпад, работа на каменолом и сл.) при што патниот сообракај на лесните и тешките возила се пренасочува низ градот Битола, а со тоа се прави сообракаен метеж, оштетување на приградските и градските улици, зголемување на загадувањето и др.
Очекувам во најбрз можен рок да се одржи заедничка работна средба, со цел да се договорат и организираат мерки и активности за пуштање во функција на оваа делница, посебно заради почетокот на туристичката сезона и очекуван зголемен собракај. Истовремено вe известувам дека преку средствата за јавно информирање ќе побарам помош од фирми и поединци да се вклучат со опрема и механизација за расчистување на отпадот и се она што е пречка за нормално фуккционирање на оваа патна делница, се вели во барањето на пратеникот Васко Ковачевски.