На денешната седница на Собранието предмалку, по долга неколкучасовна дискусија, на која пратениците на опозицијата дадоа поголем број забелешки, попладнево со 62 гласа за беа изгласани 15- те заменик-министрите предложени од премиерот Зоран Заев.
Воздржани беа петмина, а останатите од 108 присутни пратеници не се изјаснија воопшто со притискање на копчето.
Притоа претседателот на Собранието Талат Џафери им честиташе на заменик-министрите и нагласи дека со изборот завршува мандатот на досегашните заменик -министри.
Заменик министер за одбрана е Беким Максути, за внатрешни работи – Агим Нухиу, за правда е Оливер Ристовски, за надворешни работи – Арта Точи, за финансии – Ширете Елези, за економија – Кире Наумов, за шумарство и водостопанство предложен е Власте Димковиќ, за здравство – Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика – Елми Назири, за локална самоуправа – Дејан Павлевски, заменик на министерот Алаѓозовски е Владимир Лазовски, зааменик на министерот за информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за транспорт и врски – Ремзи Мехмети и заменик министер за животна средина и за просторно планирање е Јани Макрадули.