Измамникот од странство, кој со измами подолго време престојувал во Битола, а за кој порталот на Битолски весник пишуваше денеска , и на измама успеал да измами не само неколку битолски хотели, туку да овозможи неговата “сопруга” на свет да донесе близначки (не) му е познат на битолската полиција и се наоѓа во бегство.
Додека сопствениците на хотелите и болницата каде се породила “неговата сопруга” на возраст од околу 41 година се обидуваат да дознаат за кој станува збор, од него нема ни трага ни глас.
И покрај пријавата од страна на сопствениците на хотелите кои биле измамени и болницата каде се породила неговата наводна сопруга В.У. полицијата не направила ништо да ги затвори измамниците.
Тоа што засега според информациите на порталот на Битолски весник единствено се знае , а до кои информации вечерва дојде нашата редакција, е дека измамникот Р.Б. наводно бил од селото Мешеишта, Охридско, кој бил низок по раст и доста слаб, но кој бил многу слаткоречив и бил на возраст од 40 години.
Станува збор за лицето Р. Б. кој со измами претставувајќи се како “ зафатен “ бизнисмен од странство не само што последните месеци уживал во благодетите на неколку битолски хотели, туку успеал на измама да ја породи и неговата наводна сопруга В.У. и цело време додека неговата сопруга престојувала во болницата тој уживал во благодетите на апартманот на болницата “ол- инклузив”.
Од она што засега го знае порталот на Битолски весник, станува збор за префриган измамник кој се претставувал како угледен бизнисмен и личен пријател на амбасадорот на САД, Пол Волерс. Измамникот откако бил откриен се изгубил во непознат правец.
Во Болницата никој не знае што се случува со близначките кои се родиле во Битола и каде тие се наоѓаат моментно, а за нивната судбина не знае ни амбасадорот на САД, Пол Волерс, кој требало да ги посети близначките во Клиничката болница во Скопје, каде биле, испратени на лекување.
Поопширно за овој невиден скандал во печатеното издание на Битолски весник, во среда 3. септември