.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Новинарите против притисоците врз новинарите и дописниците

Новинарите против притисоците врз новинарите и дописниците

На денешниот состанок на новинарите на Битола, на кој присуствуваше и претседателката на самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис, новинарите од Битола го искажаа своето огромно незадоволство од состојбата во која се наоѓаат новинарите во Република Македонија, а и во Битола.
Тие се договорија во наредниот период остро да се спротистават против сите притисоци, закани и уцени кои се прават врз новинарите, а особено против притисоците кои се прават врз новинарите- дописници.
Токму затоа беше заклучено во наредниот период да се прецизираат активностите со кои новинарите ќе го искажат своето незадоволство од статусот и материјалната состојба во која се наоѓаат.
На состанокот на предлог на новинарите за претседателка на синдикатот на новинарите на Битола беше избрана Анета Блажевска, од “Канал 77“, на која неодамна и беше прекинат хонорарниот статус во дневниот весник “Утрински весник“.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*