Don't Miss
Home / Uncategorized / Извлечени добитниците од наградната игра “Авантурите на Битолското чупе“

Извлечени добитниците од наградната игра “Авантурите на Битолското чупе“

Викендов донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра на Бимилк, „Авантурите на Битолското чупе”.

Во Детскиот парк во Битола, Битолското чупе ги извлече  среќните добитници од големата наградна игра, а најсреќен од нив беше добитникот на главната награда, Маја Мојсова-Мијовска која заедно со своето семејство ќе ја посети светски познатата Зоолошка Градина во Берлин.

Сите добитници на наградите , 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи ќе се  објават  на “Фејсбук”  страницата  на Бимилк.

Големата авантура на “Битолското чупе”, Бимилк и Битолското млеко со 10 витамини заврши со незаборавна забава во битолскиот Детски парк, со многу изненадувања и интересна и богата програма.

-На сите денешни добитници им честитам. Но, сметам дека добитници сме сите, а особено нашите дечиња затоа што наградната игра беше креативен спој на корисно, забавно и едукативно. Забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички не водеше омилената детска хероина, креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата и корисна бидејќи децата имаа можност да научат нешто ново. Верувам дека сите денес се забавувавме и дека со нетрпение ја очекуваме новата авантура на “Битолското чупе“-  изјави Игор Ивановски, претставник од “Бимилк”.

Наградната игра забележа неверојатен успех и интерес, побарувачката за албумите беше огромна, продадени беа вкупно 55 илјади албуми а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

“Битолското чупе” и Бимилк донесоа незаборавно искуство за многу деца, кои имаа можност на оригинален и креативен начин, преку забава и учење, да уживаат во собирање и размена на сликички и да се дружат.

 

Б.В.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*