Don't Miss
Home / Uncategorized / Ја спукаа ВМРО ДПМНЕ и Канал 5

Ја спукаа ВМРО ДПМНЕ и Канал 5

Канал 5 ТВ го изразува своето чудење за неоснованото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое има обинувања и клевети базирани на погрешни факти и измислици, соопшти телевизијата.
Господинот Ферид Мухиќ беше потпишан како „независен пратеник“, што впрочем може да се види и од сликата превземена од вестите во 18 часот, а не како што ВМРО-ДПМНЕ наведе во својата реакција – „независен експерт“. Сметаме дека неоснованите обвинувања за наш обид за наводна продажба на пратеник како експерт се смешни, вели телевизијата.
„Шокантно е пак обвинувањето дека наводно сме направиле таргетирана анкета, при што наводно сме обезбедиле лица кои ќе ги изедначат сите политички чинители. Не станува збор за никаква анкета, туку за изјави на седуммина наши сограѓани, дадени околу 13 часот на плоштадот Македонија, кои во ниту еден момент не нападнаа ниту една политичка партија, туку дадоа нивно моментално чувство , што сметаме дека треба да ги загрижи сите наши политички субјекти кои биле на власт во изминативе 26 години. Дополнително, ова тврдење за некаква нарачана анкета, не само што е паушално и неосновано, туку е крајно непознат принцип за нашето работење. Како што во изминатите години не сме правеле никакви таргетирани анкети, така ќе продолжиме и понатаму, се во интерес на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на Канал 5.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*