Don't Miss
Home / Економија / ЈП “Стрежево“ го пролонгира рокот за склучување договори за наводнување со земјоделците

ЈП “Стрежево“ го пролонгира рокот за склучување договори за наводнување со земјоделците

Јавното претпријатие “Стрежево“ од 6 до 22 мај склучуваше договори со земјоделците кои сакаат да користат вода за наводнување од овој хидросистем. По барање на Сојузот на земјоделци, со одлука на Управниот одбор се пролонгира рокот за склучување договори за наводнување со земјоделците до 12 јуни.
-Оваа година очекуваме пријавување на површини од околу 6000 хектари со тоа што очекуваме трендот на пријавените површини од претходната година да биде минимум 15% повеќе- рече генералниот директор на ЈП “Стрежево“ Марјан Ѓероски.
Владата веќе го продолжи рокот за субвенции за земјоделците, а по нивно барање дојде и ова пролонгирање на рокот за пријавување за користење на водата.
-Ние го поздравуваме овој гест на ЈП “Стрежево“ и се надеваме дека нашите земјоделци во наредните десетина дена ќе можат да ги остварат своите сеидбени планови, да се посее се што е предвидено- истакна Вељо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*