Don't Miss
Home / Uncategorized / КАМ маркет со помош за поплавените во Пелагонија

КАМ маркет со помош за поплавените во Пелагонија

Сопственикот и главен менаџер на КАМ маркетите, Гоце Камчев, вчера во општина Битола се сретна со градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, каде ја изрази својата хуманост.

Камчев донираше продукти и артикли во вредност од пет илјади евра за загрозените семејства од поплавите кои во изминатиот период го поплавија пелагонискиот регион.

-Граѓаните од Битола се наши купувачи и ние чувствуваме обврска, дека треба од тоа што земаме, да дадеме. Целта ни е да помогнеме колку што можеме, сега и во иднина, изјави Камчев.

Градоначалникот јавно му се заблагодари за неговата донација за загрозените семејства од поплавите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*