Бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески излегуваат од затвор, бидејќи Апелационен суд Скопје им одреди мерка куќен притвор.
„Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ј.К. од Скопје е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-865/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ц.П. од Скопје е определена мерка куќен притвор.
Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, велат од Апелација