Don't Miss
Home / Uncategorized / Кавадарци:Со вештачки дожд против загадениот воздух

Кавадарци:Со вештачки дожд против загадениот воздух

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го пронајде решението за спас од загаденост на воздухот. Вечерва, тој со екипи од градот, го исчисти воздухот во Кавадарци, со помош на интересна апаратура, која изнесувала околу 2.500 евра. Се работи за апарат кој прави еден вид на вештачки дожд, а истиот се користел во земјоделието, за прскање.

-Ова е еден вид на аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот. Вечерва за прв пат се примени во Кавадарци. Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Може да се додадат и хемикалии, за поголема ефикасност, на пример калицум и друго. Се влече со возило, атомизерот е приклучен елемент за трактор, или возило за специјална намена – појаснува Јанчев.

Тој додава дека не се работи за некоја скапа апаратура, и еден примерок кој што носи 1.000 литри вода изнесува околу 2.500 евра.

-Јас го имам во семејната компанија, но го отстапив на користење за потребите на градот. Обично се користи за прскање во земјоделие, треба само температурата да не е под нулата, поради мрзнење – раскажува градоначалникот.

Околу тоа како дошол на оваа интересна идеја, за која вели дека веднаш ги дала резултатите, додава дека заедно со неговиот тим во општината истражувале на темата.

-Ова е наша заедничка идеја, читавме со мојот тим малку, истражувавме. Еден вид на вештачки дожд е. Доста ја намали загаденоста, се чувствува веднаш, но и се познава од голо око на канделабрите од светлото. Ова е добро решение за алармантни состојби – тврди Јанчев.

Кавадарци и пред неколку месеци воведе мерки за намалување на загаденоста на воздухот, давајќи им на граѓаните субвенции за енергетско ефикасни грејни тела, односно им надомести дел од трошоците за печки на палети и инвертер клими. Целта беше да се стимулра населението за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*