Don't Miss
Home / Uncategorized / Ќе ја заживееме Старата битолска чаршија

Ќе ја заживееме Старата битолска чаршија

Се наоѓаме во срцето на Старата битолска чаршија, која за волја на вистината памети многу подобро време од денешното. Она што некогаш беше на далеку прочуен центар на трговија и на еснафот, она што некогаш ни ги полнеше душите со добра музика и звуци од старите занаети,  денес е оставено на милост и немилост на мајката природа, на нечие промаршено (лошо) домашно воспитување, а најмногу  на немањето слух за подобрување на состојбата од страна на сеуште актуелната локална власт во заминување- изјави Татјана  Крнчевска, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата.

Битолската чаршија е денес полупразна,дуќаните после повеќекратните удари како нестимулирање на малото стопанство, како и изумирањето на старите занаети, се доведени до состојба која не само што не е пријатна за око, туку и ја загрозува безбедноста на сите кои живеат во оваа чаршија и на случајните минувачи и посетители. Денешната слика е руинирани и тотално демолирани објекти и дуќани, уништена калдрма, искршени плочи, искршени бетонски столбчиња поставени на неколку локации низ Чаршијата, кои патем требаше да го спречат или намалат движењетона тешки товарни возила низ неа, а дополнително  ја уништуваат, како и ужасната хигиена.

Ако ова претставува слика на актуелната локална власт за нивната грижа и љубов за Битола и битолчани, и со над 20 милиони евра годишен буџет на располагање, тогаш јас би сакала да им порачам да не се „грижат” до толку и да не се „грижат” повеќе.

На 15 ти  ќе испратиме јасна и силна порака дека грижата и одговорноста ја земаат во свои раце оние кои вистински имаат желба и љубов да ја вратат Битола на колосек. Коалицијата предводена од СДСМ, посветено, професионално и упорно ќе работи на ревитализација,реанимација и реновирање на оваа чаршија, како и на враќање на нејзините културно-уметнички вредности и афирмација на истите.

Да го вратиме духот на старата битолска чаршија- посочи Крнчевска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*