Don't Miss
Home / Градска хроника / Ќе се гради систем за наводнување во општина Новаци

Ќе се гради систем за наводнување во општина Новаци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе интервенира со 80 милиони денари за изградба,обнова и рехабилитација на системи за наводнување во Пелагонија .Таков модерен систем ќе добие и општина Новаци благодарение на визијата и менаџирањето на градоначалникот Лазар Котевски кој идејата ја претвори во акција . Министерот за земјоделие во земјава истакна дека државата се фокусира на системите за наводнување како приоритет наложен од климатските промени.

-Оваа година за “ХС Стрежево“ се предвидуваат 80 милиони денари или 1,3 милион евра за обнова односно рехабилитација на системот за наводнување. Тој е еден од поновите најсовремени системи во РМ.Но, секако предвидуваме и нови 10 милиони денари средства за нови системи за наводнување во Могила и Новаци на околу 4000 ха површина.Така што за овие системи во 2014 година планирани се 10 милиони денари додека следната 2015 планираме овој систем да го завршиме- рече министерот за земјоделство , Михаил Цветков.

Освен за водоснабдување , министерот најави дека до крајот на годината ќе се издвојат 7 милиони денари за чистење на 25 километри каналска мрежа за одводнување. Тендерот за овие активности е веќе завршен и се прават последните подготовки за спроведување на активноста.

-Ги слушнавме резултатите од спроведената анализа за модернизација и проширување на хидросистемот Стрежево и неговото префрлање на територијата на општина Новаци. Ова е доста значаен проект за земјоделците од новачко поле затоа што се соочуваат со вистински проблеми при наводнувањето на земјоделските површини. УСАИД и Карана корпорацијата ја финансираа изработката на физибилити студијата за изградба на систем за наводнување на општина Новаци при што се запознавме со предностите и проблемите со кои ќе се соочиме при имплементацијата на овој проект- рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.
На конференцијата присуствуваше актуелниот министер за земјоделство Михаил Цветков,градоначалниците од пелагонискиот регион, претставници од Управата за водостопанство, УСАИД и ЦРППР.

Катерина Чукалевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*