Don't Miss
Home / Градска хроника / Ќе се засадува и во декември

Ќе се засадува и во декември

Јавното претпријатие “Македонски шуми“ ги повика заинтересираните граѓани да се придружат во есенското пошумување кое започна да се одвива насекаде низ државата.
Доколку битолчани имаат желба да се приклучат кон оваа масовна акција на пошумување, како поединец или група, или член на граѓанска организација, да се јават во Подружницата на “Македонски шуми“ во Битола каде ќе добијат информации за избраните локации, термините и динамиката на пошумување, избор на садници и сите други стручни совети, се вели во повикот.
Пошумувањето ќе трае се додека се погодни временските услови во ноември и декември.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*