Нов генерален секретар на СДСМ најверојатно ќе биде Александар Кирацовски, кој досега ја обавуваше функцијата потпретседател на партијата.
Според пишувањето на Фокус, Кирацовски за генерален секретар на партијата ќе биде именува викендов, кога Заев ќе го стокми својот тим на најтесното раководство.
Инаку потпретседателскиот тим на Заев ќе се засили со Мухамед Зекири и Драган Тевдовски, а позициите се очекува да ги задржат и Фросина Ременски и Дамјан Манчевски.