Home / Колумни / Кога името Македонија стане филигран

Кога името Македонија стане филигран

Конечно се случи и тоа. По речиси 12 години на Скопскиот аеродром, кој тешко некој во Македонија во моментот знае како се вика, слета и еден грчки политичар.

Откако Владата на Република Македонија за да ги откочи преговорите со Грција, се охрабри и го смени името на аеродромот, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас се осмели да слета на скопскиот ареодром, со една папка барања за решавање на спорот.

Иако  двете страни, Првата и Втората, како што се именувани Грција и Македонија во привремената спогодба, потпишана во Њујорк се сеуште далеку од изнаоѓањето на компромисно решение, сепак грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас не се двоумеше многу на својот колега Никола Димитров да му ги испорача двете клучни барања на Грција: смена на името и Уставот.

Тие две ултимативни барања секомпромисното“ решение на кое ќе се согласи Грција за надмине овој спор, нагласи Коѕијас.

И додека Димитров и Коѕијас во Скопје се обидуваа да најдат компромисно решение, шефот на Грчката влада, Алексис Ципрас во Грција на една прес конференција, на прашањето на македонската новинарка околу (не)решавањето на овој спор околу името, кој трае еден четврт век со нималку дипломатски речник и порача дека тој е последен пат таа да го употребува името Република Македонија.

На тој начин Ципрас се обиде да и укаже на новинарката дека двете држави се блиску до решението и дека во блиска иднина  Република Македонија ќе се ословува под друго име.

За разлика од Грција која во моментот освем определбата за преговори не прави никакви други  остапки за (не)решавање на спорот, Владата на Република Македонија со преименувањето на аеродромот и автопатот, како и тргнувањето на споменикот на Александар Македонски од скопскиот аредором, веќе покажа добра волја да направи остапки за решавање на спорот.

Но за разлика од ГрцијаВладата на Македонија, е свесна дека едно е преименување на аеродром или пат, од преименување на државнотоиме.

Колку и да е кабинетот на Заев цврсто решен да ја приближи Македонија до Брисел, тој е свесен дека смената на името на државата нема да оди ни лесно, ни безболно.          

За најголемиот број жители на оваа држава тоа дури е и невозможна мисија. За тоа сум убеден дека се свесни и Димитров и Заев. Но убеден сум дека истото мислење  не го делат и Коѕијас и Ципрас, кои сметаат дека Грција има тестамент на името Македонија.

Иако во некои моменти политичарите се обидуваат и невозможното да го направат возможно, сепак  самиот факт дека цели 25 години се разговара и преговара околу (не)решавањето на спорот околу името е најдобра потврда дека се работи за ирационално барање со  кое не би се согласила и многу помала држава од Африканскиот континент, а  не Македонија која е дел од Европа.

 Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*