Матичниот клуб на прерано починатата македонска ракометна легенда Борис Чурлевски, Ракометниот клуб Пелистер, денеска во малата сала на „Центарот за култура„ одржа комеморација во која го одбележа ликот и делото на големиот спортист.
На комеморацијата присуствуваше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Миленикот на битолската ракометна публика е дел од спортското семејство Чурлевски, кое цел живот го посвети на ракометот.
На комеморацијата говореа битолските новинари, доајенот Димче Миновски, бившите соиграчи на Чурлевски, а во името на РФМ се обрати Јован Василев.
Чурлевски беше погребан денеска на градските гробишта во Битола.
Б.В.