Филијалата на Комерцијална банка Битола од денеска се пресели во нови простории.
Наместо во просториите на Центарот за култура, филијалата на Комерцијална банка од денеска се пресели во свои, сопствени простории, во стоковната куќа “ Марди “, кај старата автобуска станица, на улица Никола Тесла бр. 18.
Новите, сопствени простории на филијалата на Комерцијална банка во целост ги задоволуваат потребите и стандардите на банката за далеку подобро и поефикасно работење на Филијалата.
Б.В.