Вечерва, со почеток во 19 часот, унгарското џез дуо, Вероника Харча и Балинт Ѓемант ќе одржат концерт во НУ Центар за култура – Битола.
Унгарската популарна џез пејачка, добитничка на повеќе музички награди, Вероника Харча и гитаристот Балинт Ѓемант соработуваат уште од нивните студентски денови на Музичката академија „Франц Лист“, Будимпешта.
Снимиле четири успешни албуми со квартетот на Вероника Харча, а потоа решаваат да работат како дуо и го снимаат нивниот петти заеднички албум. Промовирањето на дуото “Lifelover“ се случи во преполна сала во Палатата на уметностите, најдобрата концертна локација во Будимпешта.
Вероника Харча и Балинт Ѓемант заедно го поставуваат репертоарот на “Lifelover“.
Песните се мелодични а во исто време претставуваат креативни импровизации.
Текстовите се напишани од Вероника засновани на нејзиното лично искуство и инспирација, како и на нејзините претходни албуми.
Живеат на релација Будимпешта-Берлин.