Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија денеска на Широк Сокак во Битола ќе има свечен настап и ќе одржи концерт.
Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на 26 март 1992 година во касарната „Илинден“, по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија.
На 22 јули 2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, а со трансформација од 1 март 2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување. Со трансформација на АРМ од 1 април 2012 година функционира како Баталјон за почести.