Home / Колумни / Кванташки пазар

Кванташки пазар

Иако во изминатите години како да се навикнавме да живееме по рецептот на скопскиот рекламен слоган “Скопско и се е можно“, сепак според тоа како ќе се одвиваат работите на македонската политич-ка сцена, особено околу (не)одржувањето на предвремените парламентарни избори, не мо- же со сигурност да каже ни “видовитата“ баба Ванѓа.

Последните денови Македонија како да наликува на Кванташки пазар во кој политичките партии, во името на народот и државата тргуваат која како ќе стигне, на мало и големо.

Додека владеачката ВМРО-ДПМНЕ наголемо се подготвува за изборите на 5 јуни, опозицијата и двете најголеми албански партии, ДУИ и ДПА се обидуваат на секој начин, да ги одложат изборите, за кои тие претходно гласаа во Собранието.

Во ситуација, кога Собранието на Република Македонија е веќе распуштено и кога изборите се веќе закажани за 5 јуни, опозицијата предводена од СДСМ, со поддршка на некои помали македонски политички партии и двете албански партии се обидуваат на секој начин да се изборат за одлука изборите да се одложат, за (не)догледно време.

Иако во аферата “Пуч“ беше обвинет дека со закани и притисоци кон премиерот Никола Груевски се обидел да се избори за одржување на предвремени избори, деновиве лидерот на СДМС Зоран Заев, размислува секакви варијатни како да ги одложи изборите.

Да биди иронијата поголема, сега покрај СДСМ, најголем заговорник и иницјатор за одложување на изборите закажани за 5 јуни е партијата на Али Ахмети, ДУИ, која само до пред извесно време не сакаше ни да слушне дека не се исполнети условите за предвремени избори, туку гласаше истите да се одржат на 5јуни.

Сега, ДУИ ја смени плочата и смета дека не се исполнети условите за одржување на предвремените избори и бара тие да се одложат, бидејќи според Ахмети, со евентуалното нивно одржување во Македонија не само што нема да се реши политичката криза, туку државата ќе влезела во уште подлабока криза.

За тоа време, држеј ќи се до последната одлука што ја донесе партијата, кога се согласи да се одложат изборите од 24 април, истите да се одржат на 5 јуни, ВМРО-ДПМНЕ, која ве ќе ги достави листите со кандидатите за пратеници, иако е свесна дека таквите избори нема да бидат признати, не само од домашната јавност, туку и од меѓународната заедница и натаму опстојува на својот став, на 5 јуни да учествува на предвремените избори.

Додека ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ја убеди домашната и меѓународната јавност дека на 5 јуни избори во Македонија мора да има, бидејќи не постои институција која истите може да ги одложи, опозицијата се обидува преку т.н Шарена револуција, по секоја цена да се избори истите да се одложат.

Во т.н. пазарење околу (не)одржувањето на изборите на 5 јуни, деновиве, по дистанцирањето од Јоханес Хан, меѓународната заедница се обидува преку новиот специјален пратеник на Германија, Јоханес Хајндл најде излез од безизлезот во кој се наоѓа државата.

Тоа што посебно загрижува е што иако политичките партии очекуваа меѓународната заедница да најде решение за кризата, сепак и таа влезе во слепа улица од која не знае како да излезе.

Однесувајќи се како некој трговец на големо и мало, сега токму ме ѓународната заедница, која во Пржино, преку својот преставник Јоханес Хан, без да го консултира парламентот и македонските избраници ни ги закажа изборите за 24 април, бара начин како истите по секоја цена да ги одложи.

Каква иронија. Сега меѓународната заедница, која постојано не учеше за почитување на правото и законите, и ни велеше дека Зборот е збор, сега не избира начин, ни средства, како да го натераат претседателот на Собранието Трајко Велјановски да ги одложи изборите. Тоа што таква законска можност не постои за ЕУ не е битно. За нив е важно изборите да се одложат, бидејќи се свесни дека на такви избори опозицијата нема никаква шанси да извојува победа. Тоа што посебно загрижува е што никој во овој момент не знае, па ни самиот Заев, доколку изборите бидат одложени, кога истите би се одржале.

Лицитацијата за септември, или октомври, или пак истите да се одржат заедно со локалните избори во 2017 година, е уште една потврда дека политичарите во Македонија, со своите “купи – продај“ политики се однесуваат како да се на кванташки пазар, каде се тргува на големо и мало, без притоа да се води сметка за цената која што ќе се плати. Како и да е. Македонија се наоѓа во тешка политичка криза.

Државата веќе го плаќа данокот на водењето на инает политика. Таквата политика не доведе во ситуација Македонија во најмала рака да биде протекторат, земја во која не само што се кршат законите и се изигрува Уставот, туку странци или “специјални пратеници“, кои не знаат дури како се вика државата и не ословуваат со “Вашата земја“, по еден нецел ден престој во Македонија, да ни ги закажуваат, или одложуваат изборите.

Затоа крајно време е државата да пресече и надлежните државни институции да ја земат судбината на Македонија во свои раце. Во спротивно нема да помине многу време, кога на Македонија воопшто не ќе му треба одржување на избори.

 

Менде Младеновски 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*