В понеделник, на седница на Советот на Општина Битола, на Дневен ред ќе се најде иницијативата на Иницијативниот одбор “Сакаме чист воздух во Битола“.
Комисијата за екологија, според извори на порталот на Битолски весник го прифатил предлогот, Советот на Општината, да ја стави на Дневен ред иницијативата. Инаку, синоќа на свеченото затворање на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“, опозицијата излезе со транспарент на кој пишуваше “Каков воздух дишат битолчани?!“. Таквиот протест наиде на поддршка кај најголемиот број на учесниците на “Браќа Манаки“ кои со “аплауз“ го поздравија барањето за чист воздух.
Б.В.