Don't Miss
Home / Uncategorized / Корлевски: Со стари проекти во новите избори

Корлевски: Со стари проекти во новите избори

Изминува и последниот ден од изборната кампања во која ДПМНЕ и Илиоски си излегоа со препишана програма од изминатите изборни циклуси, притоа заборавајќи дека тие проекти досега требаше да бидат направени.Конечно  имаа шанса да покажат дека Битола им значи, но тие, по примерот на Талески, продолжија со старо-новите лаги. Без грам срам и доблест проектите кои им ги ветија на битолчани пред многу години, повторно ги ветуваат.

Топлификација и гасификација, стадионот под Тумбе Кафе, изградба на прочистителна станица, полигон за обука на возачи, изградба на катни гаражи, Копанки, покриен базен, хотелски комплекс  Нижеполе, реконструкција на железничката пруга  се дел од проектите кои останаа само лажни ветувања од  ДПМНЕ и Талески.

Офицерскиот дом кој го оставија да пропадне и кој сакаа да го продадат сега наводно ќе го реновирале. Училиштата кои ги затрупаа во долгови од околу 2 милиони евра сега имале приоритет за нив.

Локалната власт на ДПМНЕ во изминатите 12 години од Битола направи град со спорт во изумирање, стопанство на колена, најзагаден воздух во Европа, раскопани улици, запоставен Универзитет, град од кој младите масовно се иселуваат.И наместо да соберат храброст и да им се извинат на битолчани за тоа што им го направија тие довербата решија да побараат со Зоран Илиоски, човекот кој ќе остане запаметен по тоа што во неговото директорување во Водовод  изврши најголемо поскапување на водата за цели 110%,истакна портшаролот на СДСМ, Борче Корлевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*