Don't Miss
Home / Uncategorized / Ковачевски: Ниту ЕЛЕМ ниту РЕК “Битола“ ќе се продава, ниту пак вработените ќе останат на улица

Ковачевски: Ниту ЕЛЕМ ниту РЕК “Битола“ ќе се продава, ниту пак вработените ќе останат на улица

Старата народна поговорка вели…СО ЛАГА, АГА НЕ СЕ БИДУВА! Со лагите искажани од страна на ДПМНЕ и Благоја Шаклевски, Зоран Илиоски не бидува градоначалник! Ниту ЕЛЕМ ниту РЕК “Битола“ ќе се продава, ниту пак вработените ќе останат на улица!- ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Општинската организација на СДСМ и пратеник, Васко Ковачевски.

Според Ковачевски, во  изминатите денови, во екот на предизборната кампања, ДПМНЕ во немоќ и паника од нов катастрофален пораз во Битола, се обидуваат преку лаги и дезинформации да ги плашат битолчани со т.н пеколен план, цитирам…”дека РЕК е капарен за продавање, дека РЕК е веќе договорен за продавање”.

-Вистината е поинаква, една и единствена! РЕК “Битола“ и понатаму останува столб на електроенергетскиот систем во Р.Македонија, во состав на АД ЕЛЕМ која е во државна сопственост, и таква ќе остане. Сопственост на сите граѓани! Но исто така, РЕК “Битола“ ќе биде главниот двигател на економијата во Битола и регионот, што не беше случај во 11 годишното владеење на ДПМНЕ.

На парламентарните избои во декември минатата година, ветивме низа мерки за подобрување на состојбите во комбинатот. Ветеното го остваруваме! Овие дена, вработените во РЕК “Битола“ повторно добиваат оброк, кој им беше скратен пред неколку години. Последната плата е зголемена за 5% на сменските работици. За многу брзо, ќе го вратиме и бесплатниот превоз за сите вработени.

Покрај подобрувањето на условите за вработените, еколошките проекти, зајакнувањето на дисциплината, домаќинското и одговорно работење, РЕК “Битола“ ќе биди стабилен и моќен комбинат.

РЕК “Битола“ повеќе нема да биди извор на криминал и корупција, како во време на владеењето на Груевски и фамилијата.

Граѓаните на Битола веќе препознаваат, и после промената на централната власт, на 15ти октомври следува нова промена со нова локалната самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата- посочи Васко Ковачевски на денешната прес-конференција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*