Don't Miss
Home / Колумни / Крај, или почеток на крајот

Крај, или почеток на крајот

Утре, Македонија ќе го одбележи 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. Во пресрет на одбележувањето на овој значаен историски датум од македонската историја, Македонија се наоѓа пред нови историски предизвици.

Во денпвите кои следуваат  на македонската политичка сцена ќе се  случи крај на политичката криза, или во следните денови ќе бидеме сведоци на почететок  на крајот.

По (не)успешниот референдум,  кој двете најголеми полички партии го оценија како своја политичка победа, во Македонија, во наредните неколку дена резултатите од референдумот треба да бидат верификувани, или отфрлени, од народните избраници, пратениците.

Овој пат судбината на референдумот наместо народот треба да ја одредат пратениците.

За власта изборот е еден и единствен. Со оглед на тоа што на референдумот, на кој не се постигна потребниот ценсус конечната одлука за судбината на Преспанскиот договор со Грција треба да ја дадат народните избраници.

За опозицијата, предводена од ВМРО ДПМНЕ Договорот од Нивице е мртов и народот застана во одбрана на уставното име.

Со оглед на тоа што потписниците на Договорот со  Грција ги притискаат роковите и што Македонија нема време за губење,  за власта најдобро е пратениците со двотретинско мнозиство да го прифатат договорот за да може подоцна да дојде до промена  на неколку членови од Уставот, со кои Македонија ќе го смени своето уставно име и ќе се преименува во Република Северна Македонија.

И наместо на референдумот да се донесе одлука за решавање на 27 годишниот спор со соседна Грција околу името, по (не)успешниот референдум во Македонија се случува нова политичка криза која може да доведе до целосна поделба не само на политичките партии, туку и народот.

Во зависност од тоа кој како гледа на работите така ги коментира резултатите до референдумот.

Но општа е оценката дека цензусот не беше постигнат што е причина повеќе власта да го бара излезот од ваквата ситуација во усвојување на договорот со Грција во Собранието за што му е потребно двотретинско мнозинство.

Во изминатите неколку дена власта на секој начин, со директни, или индиректни преговори и разговори се обдиува(ше) да ги (раз)убеди некои пратеници од опозицијата да го поддржат договорот за да се стави крај на кризата и да може Македонија во наредниот период да стане членка на НАТО и да ги почне пеговорите со Грција,

Со оглед на сензитивноста на прашањето, преговорите со опозиционите пратеници не се ни лесни,  ни едноставни.

Најголемиот број од нив  и натаму остануваат на ставот на партијата дека во решавањето на спорот околу името со Грција не треба да се  менува Уставот.

За тоа време додека власта сеуште не ја напушта оптимизмот дека ќе успее да ги (раз)убеди десетина пратеници колку што му се потребни за да се стигне до двотретинското мнозинство, од опозицијата доаѓаат уверуања дека пратениците ќе опстојат на партискиот став дека нема промена на Уставот за промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Доколку во овие неколку дена не се најде заеднички договор околу (не)прифаќањето на договорот со Грција следниот потез на власта е распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран  Заев уверува дека нема да има пазарење со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и дека доколку не успее пазарењето со пратениците од опозицијата тогаш во Македонија кон крајот на ноември ќе се случат нови предвремени парламентарни избори, на кои тој очекува апсолутна победа и освојување на доволен број пратенички места за двотретинско мнозинство.

Но сличен оптимизам, дека ќе извојува победа на предвремените избори има и во ВМРО ДПМНЕ од каде уверуваат дека народот со (не)излегувањето на референдумот му покажал жолт картон на власта, а на превдремените избори ќе му додели црвен картон и дека ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на власт.

Во светлината на оваа старо- нова политичка криза мора да се гледа и пресудата на Апелациониот суд кој му ја потврди двегодишната казна  затвор на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој по изрекувањето на пресудата на својот профил напиша дека во затвор се влегува и излегува, но пратениците од ВМРО ДПМНЕ не смеат да подлегнат на притисоците и заканите и дека не треба да гласаат во парламентот за прифаќање на договорот  со Грција.

Како и да е. Во наредните неколку дена во Македонија може да се случи крај на политичката криза, или државата, доколку  не се обезбеди двотретинско мнозинство за усвојување на уставните амандмани  да се случи почеток на дефинтивниот крај на кризата во Македонија.

Други решенија во моментот нема, ни за власта, ни за опозицијата.

Со оглед на тоа што во (не)решавањето на политичката криза околу спорот со името, политичките партии во Македонија не изградија заеднички консензус, ваквиот расплет, или нов заплет е сосема очекуван.

Сега судбината на договорот од Преспа и (не)решавањето на политичката криза  е во рацете на пратениците.  Тие со својот глас одлучуваат како ќе се одвиваат натаму работите.

Тие треба да гласаат по своето убедување, или совест.

Но ако се знае како тие  се најдоа во пратеничките клупи и дека без амин д партијата никогаш немаше да станат народни избраници нема многу простор за оптимизам.

При ваков изборен систем наместо совеста пресудна улога има ставот на лидерот на партијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*