Don't Miss
Home / Uncategorized / “Бесплатниот превоз” на учениците ноќна мора за Битола

“Бесплатниот превоз” на учениците ноќна мора за Битола

Во понеделникот  Битола буквално беше блокирана.

Автобуските превозници одбија да ги превезуваат не само учениците до нивните училишта, туку и граѓаните на Битола и ги “ паркираа” своите автобуси пред општинската зграда, со што буквално го блокираа сообракајот во градот.

Сите настојувања на општината Битола да ги (раз)убеди превозниците да се откажат од протестот и да ги превезуваат граѓаните и учениците за жал беа безуспешни.

Автобуските превозниции, кои веќе подолго време се буквално во војна со општината Битола, особено по случајот “ Транспортер”, тие останаа цврсти на својот став да протестираат и да не возат, иако претходно Советот ја повлече точката од дневниот ред за утврдување на тарифникот за регулирање цените за линискиот превоз.

Превозниците  во Битола сметаат дека тарифникот кој Советот на Општината  го предлага за линискиот општински превоз е неисплатлив и дека при неговото донесување не биле воопшто консултирани.

-Цените кои се предложени од страна на Советот за линискиот превоз се воопшто економски неисплатливи и по тие цени  ние немаме намера да возиме, истакнаа превозниците на  протестот.

Градоначалничката Наташа Петровска во изјавата за медиумите истакна дека е секогаш подготевена за отворен дијалог со превозниците, но нема да подлегне на никакви условувања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*