Don't Miss
Home / Uncategorized / Крај на раскошниот живот на Фамилијата

Крај на раскошниот живот на Фамилијата

Додека мнозинството граѓани живееше под прагот на сиромаштија, во долгови и со блокирани сметки, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ нивните пари ги трошеле на ручеци со егзотична и ексклузивна храна, на скапи хотели, костуми, чевли и спа третмани, потполно игнорирајќи ги потребите на граѓаните. Последен доказ за расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ е набавката на два ЛЕД монитори со вкупна цена од еден милион евра кои се поставени на скапите барокни фасади во центарот на Скопје“, изјави денеска Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Наместо парите да бидат инвестирани за подобрување на животот на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ ги потрошиле овие пари за набавка на монитори кои на ниту еден начин не им помагаат на граѓаните, освен што можеби преку нив било планирано да се емитува скапата пропаганда на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи става крај на ваквиот безобразен однос кон парите на граѓаните. Ребалансот на Буџетот ги крати непотребните и скапи трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните. Со ребалансот, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70 000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12 000 денари, ќе се зголемат средствата за подигање на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини а ќе започне и проектот Младинска гаранција која на младите ќе им понуди можност за доедукација, вработување или платена пракса.

Преку одговорно и домаќинско работење, новата Влада предовдена од СДСМ ги враќа парите кај граѓаните и отвора простор за реформи што го подобруваат животниот стандард. Никогаш повеќе апетите и личните желби на поединци нема да бидат над интересите и потребите на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*