.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Нема пари за дополнителни телохранители за Груевски

Нема пари за дополнителни телохранители за Груевски

Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ го прокоментира на својот фејсбук статус барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за зголемување на бројот на телехранители оти имал закани по живот.

„Ако логиката на долунаведеното е дека, овчарот треба да го штити волкот од кучето што ги чува овците, тогаш ќе чекам да видам кој ќе биде црната овца !

1. Која нормална држава со народни пари би плаќала 20 телохранители и би трошела материјални ресурси за обезбедување на осомничен политичар за тешки кривични дела ?

2. Која нормална држава би трошела ресурси за заштита на џелатот на политичките неистомисленици и поттикнувачот на атентат врз тогаш опозицискиот лидер (сега премиер) Зоран Заев?

3. Па дали е нормално, органот (МВР/УБК) што треба да одговори на барањето на Груевски, да немал (?!) проценка за ризик по животот на Зоран Заев и неговото семејство (што заврши со обидот за атентат на 27.04), а сега да бара аргументи за заштита на веќе обезбедуваниот Груевски?

4. Ако Груевски во барањето за зголемување на бројот на телохранители се повикува на Уредбата за обезбедување на објекти и личности, тогаш испуштил да ја прочита обврската на неговите партиски послушници во МВР кои на 27.04 дозволија терористичко загрозување на уставниот поредок во Собранието на РМ;

5. Ако Груевски како актуелен пратеник кој користи право на 6 обезбедувачи од МВР има закани по живот и стравува за неговата безбедност, тогаш сите пратеници кои беа физички и психички тероризирани на 27.04 во Собранието имаат право да бараат многу поголема заштита;

6. Ако толку многу народот го сака, од што/од кого се плаши?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*