Легендарниот Крис Менџис е првиот гостин кој пристигна во Битола за фестивалот” Браќа Манаки “.
Британецот Крис Менџис во Битола пристигна со сопругата Џудит Ан Менџис. Менџис беше пречекан од директорката на фестивалот Лабина Митевска. Тој во Битола ќе остане до среда.
Крис Менџис е добитник на наградата за животно дело “Златната камера 300” за животно дело.
Тој во вторник од 13.30 во малата сала на Центарот за култура ќе одржи мастер час.
Б.В.