Don't Miss
Home / Uncategorized / Лајонс клуб Хераклеја донираше во Интерното одделение при Клиничката болница

Лајонс клуб Хераклеја донираше во Интерното одделение при Клиничката болница

Денеска, челните луѓе и активисти на Лајонс клуб Хераклеја од Битола донираа облека за потребите на Интерното одделение при Клиничката болница- Битола.

Донацијата се состоеше од пижами и влечки неопходни за  пациентите згрижени во Интерното одделение. Донацијата ја врачија претставници на Лајонс клуб Хераклеја.

– Во пресрет на утрешното одебележување на Светскиот ден на дијабетесот, денеска ја спроведовме оваа донација во Интерното одделение на Клиничката болница. И во иднина наша цел ќе биде да организираме слични вакви донации кои многу им значат на сите оние кои им се неоходни- изјави претседателот на Лајонс клуб Хераклеја, Антонио Димитровски.

Лилјана Нечовска, началник на Интерното одделение се заблагодари на донацијата  и хуманиот гест на битолските лајонси.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*