Don't Miss
Home / Uncategorized / Латас бара да има ист третман како Заев

Латас бара да има ист третман како Заев

Две од трите фирми на новинарот и бизнисмен, Драган Павловиќ- Латас, обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО биле регистрирани на неговата домашна адреса во Зелениково. Третата пак, судските курири воопшто не ја ни пронашле на нејзината локација за да достават покана за првото рочиште за предметот.

Судот до сега испратил и неколку писмени барања до Павловиќ-Латас да одреди овластени претставници на фирмите за текот на судскиот процес, но тој одбива да потпише полномоштво се додека е под мерки на претпазливост, меѓу кои и таа дека не смее да управува со фирмите. Поради ова и беше одложено првото рочиште, а судот побара од одбраната уште денес да ги назначи претставниците, во спротивно ќе се изберат адвокати по службена должност.

„Никој не ми гарантира дека ако се потпишам како управител на некој друг акт, нема да се примени мерка притвор, бидејќи не сум ја почитувал претходната мерка, а тоа е забрана на потпис. Денеска го побаравме она што Зоран Заев го побара во својот случај познат како Поткуп , а тоа е да за тие разговори решава овој суд и да му даде право на жалба пред Апелација.“ – изјави Латас.

Главната расправа беше одложена за 7 декември, а Павловиќ- Латас вели дека очекува брутален судски процес. Тој обвини дека судијката нема искуство во кривични постапки и побара право да ја обжали одлуката „бомбите“ да се користат како докази. За специјалното обвинителство пак, нема дилема дека прислушуваните материјали треба да бидат докази во постапката.

„Судот и самиот кажа дека ценел дека нема потреба од такво рочиште и дека сето тоа ќе имаат право да се произнесат на главната расправа што е основен стадиум на постапка и тука не е повредено ниту едно право. Еднаковоста на оружјето си постои и ќе видите на главната расправа.“ – изјави Гаврил Бубески, обвинител во СЈО.

За даночно затајување, на Павловиќ-Латас му се заканува затворска казна од минимум четири години, како и парични казни за правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“.

Според обвинението, тој и фирмите од 2008 до 2015 не плаќале данок, и давале лажни податоци за даночните обврски. Набавката на луксузна опрема за себе, Павловиќ- Латас ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во нив немало вработени лица или пак само еден вработен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*