Don't Miss
Home / Спорт / Лех Познањ противник на Пелистер

Лех Познањ противник на Пелистер

Полската екипа на Лех Познањ ќе биде противник на Пелистер во второто коло од квалификаците во Лигата на Европа.

Ова беше одлучено на ждребувањето во Нион, каде беа одредени двојките во квалификациите за Европските купови.

Пелистер на ждрепката влезе како неносител поради долгото отсуство во Европа и слабите резултати, а останатите можности беа Алтах (Австрија), Левски (Бугарија), Зира (Азербејдзан), Лех Познањ (Полска), Каират (Казахстан).

Првите натпревари ќе се играат на 29 јуни, а реваншите се на 6 јули. Пелистер ќе биде домакин на стадионот „Младост” во Струмица, а првиот натпревар ќе го игра на гости.

Инаку  Пелистер по девет години повторно ќе игра во европските купови.

Цели 9 години беа потребни Пелистер повторно да  излезе на меѓународната фудбалска сцена.

Случајот сакаше поради реновирањето на стадионот под Тумбе Кафе Пелистер на овој натпревар  да биде домаќин  во Струмица.

И покрај тоа што во Пелистер немаат многу информации за квалитетот на Лех Познањ, сепак тие се оптимисти и веруваат дека имаат квалитет да ја елиминираат оваа полска екипа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*