Home / Спорт / ЛТД во соработка со патеката во Толемаида

ЛТД во соработка со патеката во Толемаида

Лошите услови кои имаат мото-кросистите во Битола ги натераа да барат патеки за тренинг во Грција.

На патеката кај Толемаида покрај тренинзите се разви и пријателство со сопственичката на патеката Лена Никол.
-Имаме соработка со сопственикот на мото-патеката од минатите години, но оваа сезона таа се продлабочи. Поради тоа што немаме тука услови за тренинг се “преселивме“ во Грација, а тие не ни наплаќаат за тренинзиите и користење на целата инфраструктура. Обострано сакаме да соработуваме и тие да дојдат тука кај нас и да ги продолжиме заедничките подготовки. Деновиве ќе имаме средба со нив и сето тоа ќе го ставиме и на хартија, со потпишување на меморандум за соработка, истакнуваат од ЛТД мото спортс од Битола.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*