Don't Miss
Home / Вести / Македонија и официјално во рецесија

Македонија и официјално во рецесија

Ова според гувернерката на народната банка се должи на послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, поради вториот бран на пандемијата. Падот на економијата всушност ќе се случува во целиот свет, така што и ММФ го ревидираше падот на глобалната економска активност на 4,4 % за годинава.

Најголем пад од 13% се бележи кај бруто инвестициите заради намалените странски директни инвестиции како и послабиот интерес на домашните инвеститори. Но пад има во сите клучни сектори. Личната потрошувачка бележи пад од 4%, Извозот е проектиран со пад од 11,7% а заради послабата потрошувачка се очекува пад и на увозот од 12% како и пад од 26% на дознаките од странство односно на парите кои како девизи ги праќа дијаспората.

На среден рок народната банка предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% следната година, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Ова значи дека ќе бидат потребни 2 години за економијата да се врати на преткризното ниво..

Во исто време и државниот завод за статистика објави дека БДП за третото тромесечје изнесува -3,3% со што Македонија влегува во рецесија бидејќи по вториот квартал кој беше 14,9% во минус сега има два последователни квартала во минус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*