Don't Miss
Home / Вести / Втора награда за Михаил Димитровски за песната“ Вирусот на љубовта“

Втора награда за Михаил Димитровски за песната“ Вирусот на љубовта“

Денеска ОУ “ Климент Охридски “ со онлајн приредба и врачување на наградите на  учениците кои освоија награди на Конкурсoт, го одбележа својот патронен празник.

На конкурсoт за поезија за  песна посветена на короната, втората награда ја освои  малиот Михаил Димитровски, ученик во шесто 3 одделение за песната “Вирусот на љубовта“.

ВИРУСОТ НА ЉУБОВТА

Имам само една желба,

меѓу нас да нема делба,

сите да сме радосни и среќни,

да нема болни и немоќни.

Од љубов да се инфицираме сите,

посреќни да ни бидат дните,

децата да се весели и радосни,

лицата да ни ги красат насмевки.

Да бидеме среќни, да бидеме радосни,

да уживаме заедно во детските палавости,

да се вратиме во училиштата некој ќе рече,

и животот нормално да продолжи да тече.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*