Меѓународна конференција на тема „Развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во секторите растително и сточарско производство“, се одржува од денес и во следните два дена во Битола, во организација на Федерацијата на фармерите на Македонија.
На конференцијата беа презентирани иновативни алатки за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и за промовирање и олеснување на иновативното претприемништво.
Конференцијата е завршен настан од Агро-старт проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во растителното и сточарското производство“, финансиран од Европската Унија.
Станува збор за проект што опфаќа соработка на седум држави од Европа, а учествуваат 12 компании. Целта е да се прикажат добрите земјоделски практики во регионот, со цел да се развие соработка и да се разменат искуства.
И домашните и компаниите од европските земји ги имаат истите проблеми и предизвици, беше истакнато на денешнта Конференција.
– Претходната конференција беше во Бугарија , која доста помогна за започнување на соработката преку увоз на тутунско семе. Доколку сакаме да го фатиме чекорот за интензивно земјоделие во Европа, најбитно од се е да се разменат искуствата со држави кои веќе го имаат фатено тој чекор како Италија, Германија, Турција. Размена на искуства е главна алка, како и трансферот на информации- истакна Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Учесниците задоволни од Конференцијата посочија дека се од исклучително значење ваквите сорботки, за да се видат позитивните и негативните страни на оние кои се занимаваат со оваа дејност.
-Се создаваат неколку иновативни алатки за да им се помогне на малите и средни претпријатија кои се занимаваат со земјоделство да ги развијат нивните бизниси и самите да се промовират, да бидат поконкурентни. Ваквиот проект ќе помогне во овој процес. Во склоп н проектот има протокол за поддршка, интернет страница аа ваквите регионални соработки се многу важни, исто и прекуграничната соработка- беше посочено на Конференцијата во Битола.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески истакна дека овој југозападен регион е многу важен за развој на земјоделството. Идејата на проектот е транснационална мрежа, поврзување на земјите, со поддршка од Европската унија.
-Искуствата ќе се компарираат и ќе се донесат важни зклучоци. Република Македонија има потенцијали во земјоделството- посочи првиот човек на Битола, градоначалникот д-р Владимир Талески.
Б.В.