Home / Uncategorized / Мицкоски: Нема разговори со СДСМ за Законот за јавно обвинителство

Мицкоски: Нема разговори со СДСМ за Законот за јавно обвинителство

Нема разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за јавно обвинителство, потврди денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски кој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија е за закон за јавно обвинителство, но за закон кој што ќе биде правичен и што ќе нуди правда за сите граѓани во државата без исклучок дали се партиски определени или не, или на кој етникум и припаѓаат, закон во кој што ќе се гарантира вистинска правда и ќе биде честит.

СДСМ ако собере мнозинство, додаде тој, може да го донесе законот што ќе се носи по скратена постапка.

-Ова што денеска ни се предлага не е таков. Не знам што е чудно експертите да седнат, кои беа дел од собраниската расправа, без разлика дали овој или следниот парламентарен состав. Безусловно ви велам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој закон ќе го поддржи. Колку повеќе губиме време во создавање на артефицијални мнозинства, толку повеќе ги разочаруваме граѓаните затоа што граѓанинот чуствува дека не е суверен на својот глас затоа што бадијала граѓанинот излегува да гласа кога некој како Заев ќе може да формира на сила парламентарно мнозинство од 80 пратеника или 50 или 61, и ќе поддржи определено законско решение. Да не ве чуди ова што денеска ни се случува во насока на празнење на државата, изјави Мицкоски на прес-конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*