Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите-без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен.
Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците, туку со тоа дали правдата стигнува до сите-и до најмоќните, и до најмаргинализираните. Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот- порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на македонската полиција 7 Мај.
Тој порача дека граѓаните не смеат да заборават како изгледало секојдневието пред неколку години.
„Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме” и „ќе се јавам” беа погласни од законот. Но, тоа време е завршено-рече Мицкоски.
Тој на одбележувањето му додели благодарница на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за зачувувањето на редот и мирот и за зачувување на безбедноста.