Don't Miss
Home / Uncategorized / Мијалков политички се пензионира

Мијалков политички се пензионира

Екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање попладнево соопшти дека ја става во мирување својата политичка активност.
„Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување. Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции.
Низ целиот мој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградував во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите.
Останувам со убедување дека мојот ангажман и професионални заложби за Македонија за време на моето работење во државните институции ќе бидат уште повеќе валоризирани и верификувани низ една историска дистанца.
Продолжувам и понатаму силно и убедено да ги поддржувам вредностите на партијата и она во што секој наш член верува, каузата на историското ВМРО и визијата за просперитетна Македонија, напредна и модерна, членка на ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението од Мијалков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*