Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од 27 април, штрајкува со глад во затворот во Шутка, објави Телма.
Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште 35 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.