Од 24 до 30 овој месец, во просториите на Хотел “Бела куќа“ ќе се одржи семинар одобрен од Европската програма Ерасмус+ за мобилност на младите во Европа со низа настани и случувања.
-На семинарот ќе присуствуваат млади луѓе од девет различни земји (Македонија, Србија, Хрватска, Арменија, Азарбеџан, Палестина, Шпанија, Турција и Чешка) кои преку неформално образование ќе учат за нивната традиција и култура. Овај проект ќе им помогне на младите од Битола, Македонија да запознаат млади на нивна возраст од различни држави и да го почувствуваат европскиот дух на нивните врсници- информираше Милчо Дули, претседател на НВО Волонтери Сфера- Битола.
Б.В.