Home / Култура / После Русија, БНТ гостува на ИФ на театарски класици во Пекинг

После Русија, БНТ гостува на ИФ на театарски класици во Пекинг

За неполни две седмици Битолскиот Народен беше и сеуште е  на две мошне значајни гостувања.

Со „Иванов” во Ростов на Дон во Русија и деновиве со „Хенри 6 “ во Пекинг Кина .

Фасцинантен настап имаа на Мини фест 13-ти по ред Меѓународен Младински Театар од Ростов на Дон во Русија.

 

Претставата “Иванов“  се играше во грандиозно здание . Театарот е стара италијанска градба изградена пред повеќе од 100 години. Гостуваат театарски групи од Русија, Литванија, Холандија, израел и Грузија и секако Битолскиот театар .

Претставата беше одиграна пред преполна сала на 9 октомври годинава.
Актерската екипа од претставата  “Хенри шести” ќе одигра две претстави во Кина. Првата изведба е вечерва на 18 и утревечер на 19 октомври на Шестиот по ред Интернационален Фестивал на театарски класици во Пекинг, Кина. Организатор на овој Фестивал е Националниот театар на Кина . Учество ќе земат театри од Америка, Сеул, Германија. Ова е и воедно продолжување на соработката со Националниот театар од Кина , како и возвратна посета . Имено во 2013 год. овој театар настстапи на “Битола Шекспир фестивалот“ во Хераклеја со претставата „Ричард Трети “.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*