Don't Miss
Home / Uncategorized / Могилска брачна двојка се венча во Новаци по 52 години брак

Могилска брачна двојка се венча во Новаци по 52 години брак

Брачната двојка Магда (70) и Симон Пивковски (73) од Могила, денеска, дури по 52 години брак се венчаа в црква.

Венчавката се одржа во  црквата во соседната општина Новаци во рамките на традиционалната  манифестација  „Македонска етно венчавка”, која секоја година во Новаци ја организираат  Центарот за едукација и негување на традцијата и фолклор „Етно Илинден  “ Битола, „Центарот за обука и примена” Битола како и културно иновативниот клуб од Новаци.

Манифестацијата се одржа под покровителство на градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

-Прекрасно е чуството што дури по 52 години брак се венчавме в црква. Затоа голема благодарност  до организаторите кои ни ја овозможија оваа наша веселба. Ние останавме толку долго невенчани само поради  сплет на околности, изјавија Магда и Симон Пивковски, откако по 52 години брак, се заколнија на верност.

Во рамките на манифестацијата се одржа и „Ревија на македонски народни носии” ,  на која учествуваа претставници од повеќе региони во Македонија, кои што ги претставија  своите специфични обележја на носиите од својот крај.

Годинава,  на оваа традициолналана манифестација за прв пат се одржа  и  гастрономскиот натпревар во подготовка на традиционални и автентични јадења, со кои се претставува богатата ризница и богатото културно наследство за регионот на Пелагонија и Република Македонија .

Натпреварувањето се одржа  во четири поединечни и една групна категорија, која соодветствува со манифестацијата, а тоа е „Подготовка и сервирање на маса за свадба”.

На манифестацијата сватовите и гостите како и многубројните присутни ги забавуваа  КУД Новаци и повеќе културно уметнички друштва од регионот кои ја збогатија  програмата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*