Сончевото време, чистиот воздух и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот Молика и Ски центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност. Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер.
-Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“ уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари и рекреативци – велaт од менаџерскиот тим на Елемтурс, подружница Хотел „Молика“.
Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел Молика беше преполна со гости во текот на целиот викенд.