.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Молитвите го одржуваат во живот Мариово

Молитвите го одржуваат во живот Мариово

Наредните денови многу жители на овој крај ќе ги посетат своите родни краишта. Сигурно и голем број жители на Совиќ ќе наминат во селото за да си го честитаат празникот на Христовото воскресение. Токму тие денови ќе воскресне животот во селото, повторно ќе се запали кандилото во црквата „Св. Атанасиј“, ќе се слушне молитвата за добро здравје и среќа. Но на денот на празникот на Христовото воскресение ќе воскресне животот во сите мариовски села.

10592672_922617224432729_3932792665190582706_n

Новаци- општина со најмногу цркви и манастири во државата

 

Само на неколку километри од селото Живојно се наоѓа Совиќ, село што по ништо не се разликува од другите мариовски села. Заборавено и од времето и од луѓето, Совиќ дејствува навистина жално и напуштено. Најголемиот број куќи се распаднале. На некои од нив, покрај покривите, исчезнале дури и темелите изградени од цврст камен.
– Овде единствено што живее се природата и молитвата – ни вели нашиот пријател Јован, кој е еден од ретките битолчани, кој својот мир, од немирот што го носи животот во Битола, го најдува во Мариовско.
Селото Совиќ, кое се наоѓа само на неколку километри од грчката граница, во близина на селото Живојно, ја има истата судбина на најголемиот број мариовски села. Во него живеат само два-тројца старци, кои секој божји ден го минуваат навраќајќи се на спомените, кога Мариово навистина било полно со луѓе. Но луѓето се иселиле. Кој заминал за Скопје, кој за Австралија, некои во Прилеп, но најголемиот број во Битола. Поради миграцијата село-град, последните децении Совиќ постојано умира. Животот единствено се враќа за празникот на селото Св. Атанасиј. Тој ден во Совиќ доаѓаат и тие што кога го напуштале дале клетва дека никогаш нема да се вратат. Тој ден камбаната го означува денот на нивниот светец, а животот во селото, барем накратко, повторно се раѓа, се будат и спомените. Тогаш навираат сеќавањата, исполнети со радост, но и тага што тие денови исчезнале во минатото и повеќе нема да се вратат.

 

ПРЕД ВЕЛИГДЕН СЕ ВРАЌА ЖИВОТОТ ВО СЕЛАТА
Наредните денови многу жители на овој крај ќе ги посетат своите родни краишта. Сигурно и голем број жители на Совиќ ќе наминат во селото за да си го честитаат празникот на Христовото воскресение. Токму тие денови ќе воскресне животот во Совиќ, повторно ќе се запали кандилото во црквата „Св. Атанасиј“, ќе се слушне молитвата за добро здравје и среќа. Но на денот на празникот на Христовото воскресение ќе воскресне животот во сите мариовски села.

– Иако засега никој не води таква статистика, сепак мислам дека Мариово е единствена општина во Република Македонија што има 59 цркви, 39 манастири и 3 параклиси. Толку многу црковни храмови во една општина не верувам дека има на друго место. Тоа покажува дека луѓето од Мариово биле посветени на верата и на божјата промисла – ни вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

 

Иако најголемиот број жители на Мариовско го напуштиле овој прекрасен крај, сепак тие со мислите никогаш не се иселиле од Мариово. Најголемиот број жители на овој крај, иако иселени, со спомените постојано се враќале назад.

Тие никогаш не ја напуштиле ни верата во божјата промисла и подобро утре. Токму верата во бога го зачува Мариово и сѐ уште го одржува во живот. Иако Мариово е напуштено, тоа не е заборавено. Барем не од сегашната локална самоуправа, која во границите на своите финансиски можности прави сѐ, ако не да го врати животот во Мариово, тогаш барем да го зачува. Благодарение на таквата политика, во последните неколку години, покрај молитвите за спокој на починатите, во црквите се слушаат молитви за добро здравје и среќа на новороденчињата.

 

Во општината Новаци последните години камбаните не се огласуваат само да соопштат дека некој починал. Напротив, во неколку мариовски села, по венчавките на младоженците од овој крај со невести од Мала Преспа, се слушаат и молитви за крштевање, а токму тие молитви ја враќаат вербата дека се враќа животот во Мариово.

 

– Општината Новаци постојано издвојува средства од својот буџет за одржување и за реновирање на црквите и на манастирите, но и за одржување на сите црковни празници и општонародни веселби. Тоа го правиме со единствена цел, бидејќи ако ги зачуваме црквите во Мариово, ќе го зачуваме и животот – вели градоначалникот Котевски.

 

МАНАСТИР ВО РАМНИЦА
Новаци е единствената општина во државата каде што во плодната пелагониска рамница, токму во срцето на Пелагонија, само на еден километар од Новаци, покрај реката Црна, е изграден прекрасен манастир. Тоа е манастирот „Пресвета Богородица“, чија изградба почна пред дваесетина години. Овој црковен храм е вистинска гордост на целата општина. На денот на празникот на Св. Богородица во вој храм се собираат над 20.000 луѓе од сите краишта. Доаѓаат голем број новачани и од странство. Тој ден е вистински празник.

Неодамна кога Новаци ја зафатија големите поплави, големите води не го одминаа ни овој манастир. Иако насипите не го издржаа налетот на надојдените води од реката Црна и деветтиот канал, сепак штетите што ги претрпе манастирот се минимални. Откако водите се повлекоа и кога загрижените лица на луѓето од црковниот одбор ги отворија вратите на Манастирот ги пречека блажената насмевка на мајката божја „Пресвета Богородица“. Тоа навистина ги израдува сите верници во општината.

-Тоа навистина е божјо чудо. На некои места имаше дури над 3 метри вода. Но водата не навлезе во манастирот. Спасени се иконостасот и сите икони. Тие денови кога беа поплавите ние живеевме со молитвите. Се покажа дека токму молитвите и верата се тие што нѐ чуваат од злото и сите несреќи – вели претседателот на црковниот одбор Вељо Тантаров, кој е еден од најзаслужните за изградбата на храмот.

 

Молитвите и верата во божјата промисла се судбина на Мариово.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*