Don't Miss
Home / Свет / На бродот на траектот „Norman Atlantic“ остануваат уште 317 луѓе

На бродот на траектот „Norman Atlantic“ остануваат уште 317 луѓе

На траектот „Norman Atlantic“ кој се запали во неделата наутро во Јонското Море, вечерта има уште 317 луѓе, објави прес службата на поморските сили на Италија, додека грчкото министерство за трговската морнарица објави дека и покрај паѓањето на ноќта, спасувачката операција ќе трае цела ноќ.

-Спасени се 161 човек, а уште 317луѓе се наоѓаат на бродот“, се наведува во соопштението на воената морнарица на Италија на официјалниот мокроблог на Twitter.

Пожарот на траектот започна во раните утрински часови во неделата, кога бродот се наоѓаше на околу 22 наутички милји од италијанскиот брег, а 44 наутички милји од грчкиот остров Крф.

-Воздушната операција за спасување, исто така, ќе продолжи целата ноќ доколку е потребно“, соопшти грчкото министерство на трговската морнарица. Додаде дека спасувачката операција се одвива во крајно сложен услови, иако ветрот ослабел и неговата моментална сила достигнува 6 до 7 бофори.

 

 

Извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*