Над 500 ученици од две средни училишта Горната гимназија и Медицинското училиште, како и училиштето Гоце Делчев останаа денеска без превоз кој што им е гарантиран со закон, информираа денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Оставањето без превоз на учениците од основните и средните училишта, која е законска обврска преставува кривично дело обвинија од ВМРО ДПМНЕ.
Ги повикуваме институциите надлежни за утврдување на кривична одговорност по допрен глас да реагираат и да проверат зошто градоначалничката Петровска незаконски се однесува, заедно со нејзините директори, кон законската обврска за бесплатен превоз на учениците.