Home / Uncategorized / Наградата “ Тоде Петрески “ за новинарката Емилија Сарафска

Наградата “ Тоде Петрески “ за новинарката Емилија Сарафска

Во присуство на почитувачи на неговото новинарско дело, членовите на најтесното семејство, како и новинари, денеска  во просториите на Националната и Универзитетска библиотека “ Св. Климент Охридски “ Битола беше врачена традиционалната награда на “Битолски весник “ “Тоде Петрески“.

Годинашен добитник на ова признание, кое веќе 11 години,  по неговата смрт постхумно  го доделува редакцијата на Битолски весник е новинарката на “ТВ Орбис“, Емилија Сарафска.

Емилија Сарафска признанието “ Тоде Петрески “ го доби за нејзините новинарски текстови на разни теми, како и нејзината  авторска емисија , “Мотиви“, во која  таа се потврдува како мошне добар и професионален новинар.

Иако,  по образование е електроинженер, а наскоро и магистрант на електроенергетски системи, Емилија Сарафска  веќе 16 години работи како новинар.

Љубовта кон новинарската професија ,  која велат кога еднаш ќе ти влезе под кожа не излегува, се покажа и во нејзиниот случај.

nagrada 3  nagrada 2

Најпрво во “ ТВ Тера“, а последните 3,5 години во “ТВ Орбис“,  Емилија Сарафска  работи на подготовка и презентирање на вести, на отворената програма “Пелагонија на дланка“, но и на неколку свои авторски емисии.

Почетните авторски емисии со наслов “Паралели” и донесоа гоем број интервјуа со амбасадори од странски земји во Македонија, како и интервјуа при гостувања на претседатели на земји, високи претставници од  НАТО, ЕУ и други институции.

Беше меѓу двата избрани новинари од Македонија  кои ја претставуваа земјата на самитот на НАТО во Бугарија, како и дел од Унверзитетот во Каиро, каде во два наврати беше нивни почесен дел од Факултетот за МАС медиуми.

Во два циклуси беше автор на емисијата “Битола на мојата младост”, а последните 3 години, во медиумскиот етер остави белег со емисијата “ Мотиви”.

Во оваа емисија Сарафска на лежерен начин, успева да обедини гости од речиси сите бранши на современото живеење.

Тука гостувале познати странски имиња, но и истакнати домашни познати и непознати за јавноста лица, кои оставаат и оставиле белег во сопственото работење.

Преку лесниот пристап на прашања, збогатени со репортажното раскажување на мотивот на делување на гостинот, Сарафска како гости во “Мотиви” успеала да го долови престојот во војничките денови на познатиот новинар и коментатор  од Србија, Мирослав Лазански во Битола, научната работа на истакнатиот и единствен македонски научник во ЦЕРН, Златко Димчовски, работата на хрватскиот режисер Иван Лео Лемо, актерската игра на Мето Јовановски.

Во оваа емисија продефилирале двајца врвни светски диригенти, маестро Алесандро Де Агостини и Ле Фи Фи, врвни спортски имиња, музичари, композитори, лекари, актери – гости на ИФФК Браќа Манаки, стопанственици, министри, професори.

Сарафска работела и на голем број меѓународни проекти од областа на новинарството, била обучувач на разни семинари и водител на голем број настани.

-Добивањето на  наградата  “ Тоде Петрески “ за мене преставува исклучително признание, бидејќи го носи името на еден од доајените на битолското и македонското новинарство  Тоде Петрески, а уште повеќе што тоа доаѓа од редакцијата на Битолски весник, кој преку 53 години го негувува професионалното  новинарство и преставува сведок и хроничар на Битола, изјави по врачувањето на  признанието  Емилија Сарафска, за Битолски весник.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*